Бројни ѕвезди одбиваа да го глумат Меклејн во серијалот „Умри машки“: Едно име можеби ќе ве изненади

На крајот, улогата ја доби Брус Вилис...

Серијалот „Умри машки“ е еден од најголемите акциони филмови на сите времиња. Како што е познато, главната улога во оваа реализација ја имаше Брус Вилис, кој го толкуваше ликот на детективот Џон Меклејн.

Сепак, поранешниот сопруг на Деми Мур не скокна веднаш да го игра славниот полицаец.

Според странските медиуми, улогата на Џон Меклејн им била понудена на многу други холивудски sвезди пред Вилис, а тоа се Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне, Клинт Иствуд, Мел Гибсон, Џејмс Кан и Ричард Гир.

Сепак, едно име може да ве изненади. Имено, Џон Меклејн требаше да го глуми, верувале или не, Френк Синатра.

На познатиот пејач, кој во тоа време беше во осмата деценија од животот, му беше понудена улогата, бидејќи филмските продуценти сметаа дека тој има соодветно искуство.

Имено, во 1968 година, Френк Синатра глумеше во филмот „Детектив“, кој се базира на истоимениот роман на писателот Родерик Торп.


Она што е интересно е дека книгата „Детектив“ има и продолжение под назив „Ништо не трае засекогаш“, на која се базира филмот „Умри машки“.

Френк Синатра ја одби улогата, па на крајот му припадна на Брус Вилис.

Инаку, со години се водеше полемика за тоа дали „Умри машки“ е божиќен филм или не. Својот став го даде режисерот на филмот, Џон Мектирнан.

„Ние немавме намера да биде божиќен филм, но радоста што произлезе од него, доведе до тоа да биде божиќен филм“ - изјави Мектирнан.

Во 2018 година, Брус Вилис имаше свое мислење за филмот „Умри машки“.

„Тој не е божиќен филм. Проклето добар филм за Брус Вилис“ - рече актерот пред две години.