Бруно Марс и Лакоста: Нова заедничка модна линија
Светските медиуми објавија дека модната марка Лакоста воспостави соработка со поп-sвездата Бруно Марс за создавање колекција наречена Рики Регал
Верувале или не, ова е првпат Бруно Марс да склучи партнерство со која било модна марка и покрај тоа што е популарна многу години.
Во ова се вкулчи и Андерсон Пак. Во изјавата, Марс се осврна на фактот дека е многу среќен што Лакоста е првиот моден бренд што реши да соработува со него. Тој е многу возбуден од колекцијата Рики Регал која наскоро ќе го види светлото на денот и ќе вклучува предмети како очила за сонце, шорцеви и маици. Сите парчиња од новата линија се дизајнирани од музичка sвезда. Купувачите очекуваат модели во вредност од сто до двесте долари. Поради популарноста на Бруно Марс, компанијата очекува дека новата колекција ќе биде распродадена што е можно побргу, и многу веројатно се во право во тој поглед.
Новата колекција веќе е достапна. Оваа соработка е еднократен потег, но веќе се водат разговори за некои идни, од кои некои може да се случат дури и пред започнувањето на колекцијата. Многу луѓе се возбудени од оваа соработка, бидејќи ова е само второ партнерство на брендот Lacoste кое не вклучува луѓе од светот на спортот.