БРУТАЛНА ПОРАКА НА ЃОКОВИЌ ДО РИВАЛИТЕ: Еве што им порача по 100-та победа на Ролан Гарос!

Најуспешниот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Новак во осминафиналето го совлада британскиот тенисер Камерон Нори со 3:0 во сетови.

Ова беше 100-ти триумф на Грен слем на Новак Ѓоковиќ.

Новак го започна својот говор честитајќи му ја на Пари Сен Жермен освоената титула европски првак.

Ноле потоа се осврна на својот меч денес.

"Се чувствувам добро. Знам дека можам да играм подобро. Одиграв 12 сета и ги освоив сите 12 сета, така што сè изгледа добро во моментов".

Со победата над Нори, Ѓоковиќ испиша нова страница во историјата бидејќи тоа беше негова 100-та победа на Отвореното првенство на Франција, а потоа имаше порака и за своите ривали.

"Сто е убава бројка, но 101 е поубава бројка. Целта е јасна, да се освои турнирот. Овој турнир се уште трае. Овде доживеав фантастични работи, но наскоро доаѓа новиот натпревар, за два дена", изјави Новак.