Брутално точно: Што прават хороскопските знаци кога ќе се напијат?

Овен

Лесно го губи разумот, па ја прифаќа секоја понуда на масата. Длабоко трпи се` во себе и наеднаш му се крши филмот. На крајот од вечерта, се губи целосно, се до следниот ден.

Бик

Пие како луд, една по друга, додека не си ја собере самодовербата на место, за да може да пријде некому. Пред да си замине дома, јаде како да е крај на светот.

Близнаци

За него не постојат граници во пиењето и правењето глупости. Најчесто го носат дома.

Рак

Пие, пие, пие, си ја отвара душата на некому, се смее, плаче од смеа. Игра, скока, крши чаши. На сред вечер го преовладува емоционалноста, изморен и со солзи во очите бега дома.

Лав

Вика, скока, се рафрла наоколу, прави буквално се` за да им го привлече вниманието на другите. Целата вечер му е објавена по социјалните мрежи. Мисли дека е доминантен, а всушност во 90% од случаите прави будала сам од себе.

Девица

Кога ќе се напие, ја фрла својата маска на добар и приземјен човек, се кара наоколу за ситници, знае да стане агресивен, неморален и ненормален. Секако, многу е поинтересен, отколку кога е трезен.

Вага

Игра, скока од радост, главен е на сите забави. Кога ќе се измори, бара плен за утеха, а потоа магично го снемува од друштвото.

Шкорпија

Шета и ги замара сите наоколу, премногу е напорна. Често ја избегнуваат. Ако ја разлутите додека е под дејство на алкохол, подобро бегајте, колку што ве држат нозете.

Стрелец

Не можете да го приметите кога е пијан. Трча насекаде, сака се` да види, сака се` да проба. Шета од едно место на друго, па по пат ја запознава љубовта на својот живот, во следниот момент е качен на кров или се бања ако има море или езеро во близина.

Јарец

Се сеќава на своите бивши, праќа пораки, се јавува. Најдобро е да му го земете телефонот кога е поднапиен. Без телефон е лудо интересен. Танцува со луѓето, главен е на забавата. Има капацитет да испие најмногу од сите хороскопски знаци.

Водолија

Некогаш знае да биде нормална, некогаш знае да биде најголемиот идиот кој постои. Никогаш не се знае како ќе се погоди, секое пијанство е изненадување. Или се кара со сите, или е во центарот на вниманието.

Риби

Рибите секогаш кога ќе се напијат делуваат како да знаат што прават, но ако претераат со пиењето, тогаш се убиваат. Тогаш ги прават најголемите глупости. Никогаш не се каат, бидејќи знаат дека тоа е губење на време. Доколку треба некому да му помогнат, се отрезнуваат во истата секунда.