Спорт // Спорт
Бугарија остана без селектор, Јасен Петров по поразот од Грузија поднесе оставка
По само два меча во новиот циклус квалификации, селекторот на Бугарија, Јасен Петров поднесе оставка како резултат на катастрофалниот пораз од Грузија со 2-5.
Грузија ја демолира Бугарија во Разград, која по два меча во ЛН има еден бод, оној о дуелот со Македонија.
„Се разделуваме, немам морално право да останам. Се надевам дека ќе дојде тренер кој ќе може да ги мотивира фудбалерите на најдобар начин. Ова е мојот последен натпревар“ – рече по поразот од Грузија Петров.
Грузија е следен противник на Македонија во Лигата на Нации, во четврток гостува во Скопје што е дерби во нашата група.