Бурни љубовни проблеми е прогнозата за крајот на месец август за овие два знака
Овен
Мирното лето за вас конечно ќе заврши, но и не така спокојно како што си претпоставуавте. Стагнацијата на која веќе се навикнавте ќе го доживее својот крај, а пред вас стојат случки кои буквално ќе ве натераат да излезете од вашата невообичаена мирна комфорна зона. Вашето минато буквално ќе ви затропа на вратата, но не станува збор само за една личност, туку за неколку. Ќе доживеете вистинска драма, кога ќе се најдете на настан или случување каде повеќе ваши поранешни партнери ќе бидат на истото место. Ако сакате најмирно да ја решите ситуацијата, едноставно исчезнете без никој да ве дознае, безмислено е да се навраќате на луѓе кои не ја препознале вашата вредност уште на самиот почеток кога ве запознале.
Девица
Најголемата казна што може да си ја зададете на самите себе е да се затворите целосно во себе и буквално да не разговарате со никој за вашите чувства. Веќе определен период водите битка со самите себе, за која веќе одамна требаше да ги преминете некои граници кои само ве оддалечуваа од целта. Вашиот внатрешен немир ќе ви го помати паметот и можно е за прв пат во животот да направите непромислена работа. Ќе дејствувате брзо и невнимателно, а последиците многу ќе ве чинат. Поентата е во љубовта, колку побрзо го прифатите тој факт, толку побрзо ќе се ослободите од стресовите.