На Европското првенство во танци кое се одржа во Москва, Русија, македонската танцова школа „Dancers United“ го освои првото место и стана Европски првак.
Со фантастичен
танц, добро координирана екипа и професионализам, нашите ја освоија публиката
од прва. Во победничкиот тим кој вклучува и лица со Даунов синдром, членува и
Александар Матовски- Цако кој исто така ги покажа своите танцувачки вештини.
Овој мултиталент неодамна издаде и книга.