Цеца денеска го слави својот 50-ти роденден, а никој не знае како изгледала како бебе! Погледнете ја единствената фотографија

Цеца Ражнатовиќ слави јубилеен роденден

Статус на фолк дива, кариера на која би и позавиделе сите нејзини колешки, син и ќерка кои ја прават горда мајка, две внучиња, трагичната смрт на сопругот кој и бил судбинска љубов, болни раскинувања, фатална убавина, затвор и бројни додворувачи...

Иако по тој повод планирала да направи величествена прослава на која ќе ги собере семејството, пријателите и колегите, Цеца се откажала од таа идеја откако дознала дека нејзината ќерка Анастасија, која е во врска со фудбалерот Немања Гудеља, го изгубила бебето во четвртиот месец од бременоста.

-Нема да славам роденден од позната причина. На нашето семејство Анастасија и Немања им се случи трагедија и едноставно не е момент за славење. Не бев разгалена од животот. Имав навистина огромни издигнувања и падови. Знам дека се соочувам и со најтешките и со најубавите моменти - рече Цеца и додаде:

- Животот е направен од тие работи. Сега приоритет ми е Анастасија да продолжи понатаму, како и Немања, сите заедно да се издигнеме како семејство и да ја преболиме болката што ќе остане во нас. Треба да се продолжи понатаму.

И покрај тоа што нагласи дека нема што да се слави, на адресата на Цеси со денови се добиваат подароци, а обожавателите и испратија и роденденска торта со натпис „Жена, мајка, кралица“.

Како што е познато, музичката ѕвезда е родена на 14 јуни 1973 година во Житораѓа. Таа порасна во хармонично семејство, со татко ѝ Слободан, мајката Мира и сестрата Лидија со која и денес е исклучително блиска.

По повод важен датум во животот, Цеца на социјалните мрежи објави една од своите први фотографии, снимена како мала. На неа е прикажано преслатко девојче облечено во бело, со машнички во косата, кое уште тогаш знаело да позира пред камера, како да знаело дека тоа ќе биде дел од нејзиното секојдневие.

Инстаграм

извор: Хело рс