Цел свет му се смее: Кралот Чарлс направи хит комедија од средбата со премиерката

Кралот Чарлс Трети стана главна атракција на Твитер откако во Бакингемската палата се сретна со новата британска премиерка Лиз Трас.

Видеото од нивната средба брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина напишаа дека е смешно како Чарлс ја поздравува премиерката.

Имено, додека Лиз Трас се поклони ѝ рече: „Ваше височество“, Чарлс одговори: „Значи, повторно се вративте?

Пратеникот на Шкотската национална партија Џон Николсон напиша на Твитер:

„Кралот Чарлс зборува за сите нас. „Повторно се вративте. Почитувана, О, Боже. Па, како и да е...“ Барем нема да мора долго да ја трпи“.

На Твитер се појавија бројни коментари за кралот.

„Би била среќна да го финансирам кралското семејство за повеќе вакви содржини“, „Ова покажува каков стана Чарлс откако ја презеде функцијата крал“, „Сигурна сум дека Лиз се прашуваше што се случува овде кога таа дојде кај Чарлс", „Ова е сè. Чарлс веројатно е шокиран од нередот што го направи Трас. Ова видео го покажува тоа", беа само дел од коментарите на Твитер

Фото: Printscreen

Видео : Youtube