Целата куќа ја покрил со најлон и на тој начин живее во неа: „Зошто да плаќам и за тоа“

„Кога ја купив куќата, вратата од гаражата се отвараше со струја. Го исклучив тоа. Зошто да го плаќам и тоа?“, рекол Американецот

Американецот Тод Мориарти работи како машиновозач и живее навидум нормален живот. 

Тој еднаш се појави во шоуто на TLC „ Extreme Cheapskates (Екстремни скржавци)“ откако направи необичен потег да ја продаде својата куќа за што е можно повеќе.


Целата внатрешност на куќата ја покрил со најлон за да ја заштити. Дури и бањата била покриена, а тој никогаш не користел неколку соби.

- Кога ја купив куќата, вратата од гаражата се отвараше со струја. Го исклучив тоа. Зошто да платаќам и за тоа? - рече тој.

По разводот планирал да ја продаде куќата. Тој се надева дека мерките за штедење ќе се исплатат. 

Неговата поранешна сопруга Стефани вели дека штедењето е дел од неговата личност и затоа се развеле.


Фото и Видео: Инстаграм