Целото богатство на Роман Абрамович: Бесценет имот

Овој пат, го откриваме неверојатното портфолио на недвижнини на Роман Абрамович, во вредност од скоро 400 милиони евра.

Тој поседува две престижни куќи во Лондон, една на Карибите, има француски замок и уште неколку недвижнини. Неговото последно инвестирање во недвижнини е во Тел Авив, со кое му се појавија проблеми со визите во Велика Британија. Дознавме дека тој се обидува да го удвои просторот за живеење за неговата нова вила. Всушност, зградата што ќе се претвори во негова вила со дванаесет спални е поранешен хотел за кој тој платил околу 20 милиони евра.

И покрај неговите визни проблеми, Роман Абрамович, вреден најмалку девет милијарди евра, сепак ги поседува едни од најдобрите недвижнини  во Лондон. Има огромна вила во „Кенсингтон палас“,која се нарекува и „Низа на милијардери“, како и пентхаус со три спални купена во ексклузниот станбен блок „ Chelsea Waterfront “.

Покрај тоа, тој поседува имот низ целиот свет, вклучувајќи и ски-ложа во стилот на Џејмс Бонд и ранч во САД, рајска викендица на Карибите и замок на југот на Франција.