Целулитот не му пречи на нејзиното раскошно тело: Оваа убавица зграби милиони од фоткање во бикини па си направи империја ФОТО
Австралиската интернет ѕвезда и една од најпознатите светски инфлуенсерки Наташа Окли деновиве ужива во пливање и сончање на плажите во Сиднеј. Папараците во еден од тие моменти успеаја да ја „фатат“ убавата русокоса, откривајќи дека изгледа нешто поинаку отколку на Инстаграм, иако сепак е неверојатно секси и привлечно.
Наташа парадираше по плажата во ситно црно-бело бикини, покажувајќи го своето занoсно тело и женствена фигура а бујните гради и заоблениот задник мамеа погледи.
Покажа и малку целулит, но оваа мала несовршеност воопшто не го расипува целокупниот впечаток; сосема спротивно - сите знаеме дека нормалното женско тело често изгледа токму така.
Иако славната 34-годишна девојка несомнено е многу привлечна, сепак на своите фотографии на Инстаграм изгледа за нијанса поинаку и послабо, па изгледа дека не одолеала на шармот на фотошопот.
Наташа, или скратено Таша, што е нејзиниот прекар на социјалните мрежи, својот пробив во светот на шоу бизнисот и претприемништвото го започна во 2012 година. Тогаш, таа беше типична 22-годишна девојка која сакаше да поминува време на плажа и во костим за капење; и решила да го претвори во хоби - таа и нејзиниот најдобар пријател Девин Бругман ја започнале својата успешна инфлуенсер кариера така што секој ден се фотографирале во бикини.
Нивното хоби се претвори во многу ветувачка и успешна маркетинг платформа на Инстаграм која ги лансираше меѓу милионери и познати личности. Водена од тој успех, Таша започна низа други бизниси, меѓу кои линијата на костими за капење „Monday Swimwear“, бренд за накит, онлајн платформа за пилатес вежби... Денес нејзината империја вреди 63 милиони долари, а над 3,6 милиони луѓе ја следат на Инстаграм!
Да потсетиме, оваа убавица се омажи за бизнисменот Теодор Чембрејс на луксузна церемонија во Италија во јули минатата година.
фото: Инстаграм