Чачиќ самоуверен: Динамо Загреб е подобар тим од Шкупи, тоа ќе го докажеме и на теренот во Скопје

Динамо Загреб го победи Славен Белупо со 5-1, самоуверени доаѓаат утре во Скопје, во вторник од 21 часот се среќаваат со Шкупи, реванш средба од квалификациите на Лигата на шампионите, средбата во Загреб заврши 2-2.

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, е убеден дека Динамо Загреб ќе победи во вторник во Скопје.

„Имаме време да се подготвиме, сега и подобро ги познаваме, држам до тоа дека поквалитетниот ќе победи во двомечот, а тоа секако е Динамо. Ќе влеземе на натпреварот без страв, свесни сме дека сме подобри, и тоа ќе го потврдиме на натпреварот“ – рече Чачиќ.