Чаша црвено вино го има истиот ефект како и одењето во теретана

Истражувањата откриле дека ресвератролот, супстанција која се наоѓа во црвеното вино, може да ги подобри физичките перформанси, јачината на мускулите и да му помогне на здравјето на срцето.

Научниците од Универзитетот во Алберта во Канада откриле дека ресвератролот, пронајден и во ореви и во грозје, може да им помогне на луѓето кои сакаат да вежбаат, но сметаат дека е премногу тешко. Исто така, веројатно ќе го засили влијанието на придобивките од вежбањето за оние кои можат да издржат само пократки активности.

„Бевме возбудени кога сфативме дека ресвератролот произведува слични резултати што би ги искусиле по тренингот за издржливост“, изјави директорот за истражување Џејсон Дијк за „Science Daily“.

„Мислам дека ресвератролот би можел да им помогне на пациентите кои сакаат да вежбаат, но се физички неспособни“, додаде Дијк.

Во секој случај, ова важи за пиење само една чаша црвено вино, а некои други придобивки што може да ги доживеете се подобрување на густината на коските и намалување на холестеролот. Црвеното вино, велат експертите, е исто така добро за проблеми со кожата како што се акните.