Часовникот на Мило Ѓукановиќ од 100 000 евра: Љубител на луксузни парчиња
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ носи рачно изработен платинест швајцарски часовник „Бреге турбион“, чија цена изнесува над 100.000 евра, пишуваше своевремено подгоричкиот весник „Вијести“.
Во лондонското претставништво на швајцарската фирма, врз основа на фотографиите објавени во весникот, потврдиле дека тоа е часовник од специјална колекција рачно изработени часовници, кои имаат две варијанти - од жолто злато со цена од 94.574 евра и од платина со цена од 106.076 евра.
Фирмата соопшти дека часовникот е водоотпорен дури на длабочина од 30 метри под вода, изработен е во Швајцарија и во лондонската продавница веќе има примероци од оваа колекција.
„Вијести“ потести дека марката го носи името на швајцарскиот часовничар Луи Бреге, кој во 1795 година го измислил механизмот „турбион“, кој се вградува во часовникот за да го елиминира влијанието на гравитацијата врз прецизноста при мерење на времето.
Ова е само дел од колекцијата на неговите часовници. Медиумите во Црна Гора тврдат дека има и поскапи од овој.