Челичната канцеларка: Глобална пандемија на коронавирус, глобален одговор и контрола на населението
Германската канцеларка Ангела Меркел во вчера ја повика меѓународната заедница заеднички да се бори против пандемијата на коронавирус и повика на соработка со меѓународни организации, како што е Светската здравствена организација (СЗО).
„Само ако најдеме глобални одговори на оваа глобална закана, ќе можеме да ја победиме оваа и идната пандемија“, рече Меркел во своето редовно саботно обраќање.
Меѓу другото, во своето обраќање, посветено на Светскиот ден на населението на Обединетите нации, таа истакна дека зголемената популација исто така бара засилени напори во борбата против предизвиците како што е пандемијата на коронавирус.
„Германската влада ги поддржува тековните напори за борба против коронавирусот и учествува во програми на меѓународни организации како СЗО (Светска здравствена организација), ММФ (Меѓународен монетарен фонд) и Светска банка“, рече Меркел.
Германија исто така е посветена, како што продолжи Меркел, на глобална и правична дистрибуција на вакцини и лекови.
„Германија ја започна Програмата за „Итни случаи во коронакриза“ за финансирање на испораката на потребната помош за погодените земји“, рече Меркел.
Покрај тоа, како што истакна канцеларката Меркел, Германија ќе посвети посебно внимание на вклучувањето на жените и девојчињата во развојни проекти во проекти за да им помогне на земјите во развој и да го контролираат растот на населението.
„Ние сакаме да отвориме подобри можности за кариера за жени и девојчиња преку подобро образование и со тоа да ги направиме економски по независни. Ова генерално го зголемува правото на жените и девојките да одлучуваат во планирањето на семејството, а со тоа и контролата на населението“, рече Меркел.