Челзи го отпушти Потер, има фаворит за негов наследник

 Челси вечерва официјално соопшти дека му врачија отказ на Грем Потер, екипата во моментот   е на 11. место на табелата во Премиерлигата.

Разделбата меѓу Челзи и Потер доаѓа по помалку од шест месеци соработка,  испоред  медиумите од Англија, за негов наследник најчесто се споменува името на  Јулијан Нагелсман. 

Челзи по последното коло загуби од Астон Вила со 2-0 на домашен терен.

Ова е втор отказ денес во Премиер лигата откако претходно Лестер го отпушти Брендан Роџерс.