Чист и безбеден воздух од вируси во ресторанот „Дукат“ во Скопје
Гостите во ресторанот „Дукат“ во Скопје освен што уживаат во прекрасната храна и амбиент, дишат чист и квалитетен воздух прочистен од вируси, бактерии и други ситни штетни честички.
Од неодамна во ресторанот е инсталиран софистициран систем за рециркулација и прочистување на воздухот на компанијата „ААФ Интернејшнал“ (AAF International) кој е докажано ефикасен против корона вируси и други заразни патогени во затворен простор. Дополнително во ресторанор се поставени и повеќе индивидуални единици од шведскиот бренд „Блуер“ (Blueair) кои го прочистуваат воздухот и од најситните штетни честички. Со тоа, овој ресторан стана „зона на чист воздух“ за сите посетители без оглед на тоа што престојуваат во затворен простор.
Ресторанот „Дукат“ е првиот угостителски објект во земјава којшто го инсталираше најсовремениот систем за рециркулација на воздух со цел да им овозможи на своите гости целосно безбеден престој покрај веќе воведените мерки за заштита како што се намалениот капацитет на гости, зголеменото растојание меѓу масите и секојдневната дезинфекција на просторот. Дополнителната безбедност на воздухот ја гарантираат индивидуалните прочистувеачи „Блуер“ (Blueair), така што гостите на „Дукат“ во секој дел од денот може да се сигурни дека дишат прочистен воздух од штетните честички PM10 и PM2.5, вируси, бактери, прашина, прашински грини, како и на сите останати загадувачи присутни во воздухот.
Престојот во простории со чист воздух е од витално значење за луѓето, особено во актуелната пандемија на вирусот Ковид-19. Но, огромно е и значењето на социјалните контакти меѓу луѓето кои во „Дукат“ може да продолжат во чиста и безбедна средина за нивното здравје.
ПР објава