Чистиот воздух никогаш не бил поважен!
Внесете свеж воздух во вашиот дом и почувствувајте ја свежината на чистиот планински воздух.
Што може да вети еден прочистувач на воздух?
Кога станува збор за чист воздух во домот, важно е да имате во предвид дека воздухот во затворени простории може да има повеќе нивоа на одредени загадувачи кои се и до петпати повисоки отколку воздухот надвор, покажуваат некои светски студии.
Значи, да се има прочистувач на воздух во домот изгледа ветувачко. И навистина е. Прочистувачот на воздух е дизајниран да го чисти воздухот во вашиот дом, ослободувајќи се од нечистотии како чад, првут од домашни миленици или прашина. Бидејќи живееме во област во која загадувањето особено во зимските месеци е огромно, прочистувачот на воздух може да ви помогне да се ослободите од лошиот воздух што влегува во вашиот дом.
Gorenje прочистувачите на воздух навистина можат да неутрализираат дел од лошото загадување на воздухот. Во овие времиња ова е сигурно добро да се знае и да се примени дома. Gorenje прочистувачот на воздух AP500 SENSE AIR е погоден за поголеми простории до околу 60 m2 и со својот двоен систем за прочистување на воздухот ќе ви помогне да уживате во почист и посвеж воздух во домот.
Двата сензори ги читаат ултра ситните честички (PM2.5) и испарливите органски соединенија (VOC), кои се непостојан извор на загадување на воздухот во затворен простор. Примери за извори на VOC во домашна и во работна средина се: бои и лакови, козметика, производи за чистење, софи, душеци, теписи, весници и фотокопири итн. Сензорите имаат индивидуализирани нивоа за трите различни сегменти од чист до многу загаден воздух. Вредноста ќе ја генерира бојата на ЛЕД-дисплејот (вредност на VOC) и бојата на светлото на прстенот (вредност PM2,5).
Исто така, двојниот систем за филтрација со заменлив 3 во 1 филтер кој доаѓа со предфилтер, ХЕПА филтер и филтер со активен јаглен ќе се погрижи непријатните мириси никогаш да не се шират низ просторијата. Ветувањето е и во јонската технологија и петте брзини (три брзини на вентилатор, еден турбо и еден режим на мирување), кои ќе го подобрат квалитетот на вашето искуство. Светлосниот прстенест индикатор за квалитет на воздухот ќе ви покаже каков е квалитетот на воздухот во вашиот дом, така што подобро ќе можете да го изберете саканиот режим.
И да, може да се чувствувате многу подобро кога дишете со полни гради. Без главоболки, помалку симптоми на астма или само поголем фокус и виталност ќе ви помогнат многу подобро да ги извршувате вашите секојдневни задачи.
Претворете го својот дом во планинска идила со чист и квалитетен воздух со Gorenje прочистувачите на воздух сега по промотивна цена.
ПР-објава