Читате ХОРОСКОП погрешно цел живот: Дознајте го својот вистински знак

Ако живеете со верба дека знаете под кој хороскопски знак сте родени, не сте во право. Stargazing Live (БиБиСи) тврди дека целиот живот го читате хороскопот за погрешен знак, но и дека има тринаесеттизнак за хороскоп.

Астролошкиот календар не е ажуриран и нашата позиција во однос на ѕвездите е променета

Консталаците се поместени за цел месец, откриено е од страна наStargazing Live, телевизиска станица во БиБиСи. Бидејќи зодијакот е создаден пред 2.000 години, варијацијата на позицијата на Земјата предизвикана од ефектите на Месечината и сонцето значи дека ѕвездите над нас се во различна позиција.

На пример, ако сте родени кон крајот на јануари, веројатно сметате дека вашиот хороскопски знак е Водолија. Но, всушност, тоа е Јарец.

Кога Грците го создадоа зодијакот, на луѓето им беше доделен хороскопски знак според со соѕвездието што во тоа време стоеше зад сонцето. Но, соѕвездието сега се префрли за цел месец.

Овој процес се нарекува прецесија - која трае 26 000 години.

Ова значи дека 86 проценти од луѓето сега живеат под погрешен хороскопски знак.

Stargazing Live создаде интерактивна шема што ви овозможува да го знаете вистинскиот хороскопски знак во кој сте родени.

Програмата исто така посочува дека постои тринаесетти хороскопски знак – Офихус- Змија, Змијоносец. Се верува дека античките астролози можеби го изоставиле овој знак, така што патувањето на сонцето под агол од 360 степени би можело да се подели на 12 дела за 30 степени.

Но, со соѕвездието, познато како Змија или Офихус, всушност го преминува патот на сонцето помеѓу 30 ноември и 18 декември - додека на некои им е даден погрешен знак, некои можеби се родени под сосема нов.

Еве како би требало тоа да изгледа:

Јарец 21 јануари - 16 февруари

Водолија 17 февруари - 12 март

Риби 13 март - 18 април

Овен 19 април - 14 мај

Бик 15 мај - 21 јуни

Близнаци 22 јуни - 20 јули

Рак 21 јули - 10 август

Лав 11 август - 16 септември

Девица 17 септември - 31 октомври

Вага 1 ноември - 23 ноември

Шкорпија 24 ноември - 29 ноември

Офихус змија, 30 ноември - 18 декември

Стрелец 19 декември - 20 јануари