„Човечкиот мравјалник“ е најголемата станбена зграда во светот и не е во Кина
Ако некогаш сте се почувствувале клаустрофобично во пеколот на студентските домови, размислете за 20.000 луѓе кои живеат во „најголемата станбена зграда во светот“, позната и како „човечки мравјалник“.
Градежниот комплекс содржи неверојатни 3.708 станови на 25 ката и се наоѓа во близина на Санкт Петербург, Русија. Во секој дел од комплексот има по четири лифтови, а на секој кат во просек има четири до шест апартмани.
Иако идејата да се живее во непосредна близина на толку многу луѓе можеби звучи како кошмар, оваа зграда, наречена „човечки мравјалник“ поради големината и бројот на жители, стекна популарност откако е изградена во 2015 година.
Жителите на оваа нетипична зграда велат дека популарноста не дошла без причина. Имено, паркингот е бесплатен, дебелите ѕидови меѓу становите гарантираат дека „нема никакво нарушување и бучава“, а комплексот е на добра локација за жителите кои патуваат на работа, пишува „Ладбибл“.
Различни продавници, банки, пошти и други бизниси се наоѓаат на првиот кат од станбениот блок, што значи дека жителите можат да пристапат до се што им е потребно без да ја напуштат зградата.
Еден корисник на социјалните мрежи ги пофали објектите во зградата, која наводно вклучува седум продавници, три салони за убавина, неколку кафулиња, градинка и пошта.
Некои станари признале дека „еднаш поминале половина година без да ја напуштат самата зграда“, бидејќи во неа имале се што им треба. И еден корисник на Редит, кој живее таму осум години, вели дека повеќето од жителите се вработени луѓе на кои им се допаѓаат погодностите што ги нуди.
Релативно ниската цена на становите, кои се движат од 30.000 до 76.000 фунти, е исто така привлечна за купувачите во споредба со имотите во центарот на Санкт Петербург, за кои се вели дека се „стари“ и „прескапи“.
Сепак, споделувањето станбена зграда со 20.000 други луѓе не доаѓа без проблеми. Еден жител тврди дека навечер често има долги редици за користење на лифтот, како да чекаат автобус. „Не можам ни да замислам каков хаос би предизвикал алармот за пожар“, додаде тој.
Поделби на мислења
Додека еден корисник на Reddit го нарече комплексот „место од соништата“, друг рече дека становите во зградата „навистина не се лоши“, додека има и други мислења.
„Би било стресно да живеам таму“, напишал еден корисник.
„Тоа само ме збунува, имаме 3.000 луѓе во нашето мало селско гратче“, додаде друг.
Трет беше загрижен за „недостигот од паркинг места“, додека четвртиот коментираше: „Можете ли да замислите кога некој има проблем со водоводот?