Човек фрли предмет во вулкан, а потоа во секунда настана хаос: Разбуди чудовиште
За жал, постојат многу начини на кои луѓето можат негативно да влијаат на нашата планета, но играњето со вулканите е дефинитивно нешто што треба да го избегнуваме.
Вулканите се буквално планини исполнети со оган. Тие се масивни, непредвидливи и способни да уништат се што ќе им се најде на патот - затоа најдобро е да ги оставите на мир.
Меѓутоа, еден човек имал поинаква идеја. Во неверојатно видео кое кружи на интернет, две лица стојат многу блиску до работ на огромен кратер на вулканот Ерта Але во Етиопија, кој е познат по својата постојана активност. Тој вулкан е базалтен штитен вулкан и, се разбира, има многу опасна природа.
Нивната прва грешка беше да се приближат до работ на јамата, а втората грешка беше што еден од нив фрли предмет во зовриената лава. Предметот паднал на дното на јамата и се пробил низ зацврстената кора од лава.
Застрашувачки снимки
Кога предметот ја пробил кората, отворил дупка низ која почнала да избива жешка лава. На почетокот се појавиле само ситни топчиња од стопена материја, но набрзо целата површина на вулканот почнала да пулсира, а лавата почнала интензивно да еруптира нагоре. Ударот на објектот предизвикал растење на дупката и зголемување на протокот на лава.
За само неколку секунди, мирната површина на лавата се претвори во разгорувачко езеро од вулкански пламени, сето тоа благодарение на еден мал предмет.
Иако целата ситуација изгледа како сосема лоша идеја, во реалноста, зад овој експеримент се криеше цел. Истражувачите сакале да испитаат што би се случило доколку човечко тело падне во вулкан од доволно висока височина за да ја пробие површинската кора и да предизвика реакција на лавина. Бидејќи ова не можеле да го тестираат со вистинска личност, користеле кутија тешка околу 30 килограми, наполнета со органски отпад и ја фрлиле од височина од 80 метри во вулканот.
Истражувачите веруваат дека ненадејната ерупција на лава е резултат на пареата што се создава кога органската материја паѓа во врелата лава. Со оглед на тоа што човечките тела се составени претежно од вода, лице кое паѓа во вулкан може да предизвика сличен ефект – иако се надеваме дека никогаш нема да знаеме точно како тоа би изгледало.