Човек кој се разведе за 65 секудни, па се ожени со 26 години помлада жена: Нема да верувате на што ги троши парите Мистер Бин

Роуан Аткинсон на 6 јануари го прослави својот 69-ти роденден, а во оваа прилика се сеќаваме на неговиот неверојатен живот

Роуан Аткинсон, електротехничар и инженер по електроника со магистерски студии на Кралскиот колеџ во Оксфорд, уште од студентските денови е вљубен во невербалната комедија, а првите актерски чекори ги направи на сцената. Комедијата очигледно му била поприфатлива со оглед на тоа што пелтечи, па не сака да дава интервјуа. И идејата за немиот Мистер Бин ја добил во студентските денови, кога изведувал скици, по што станал главен лик на истоимената ТВ серија од 15 епизоди, која започнала да се емитува на 1 јануари 1990 година.



Тоа дете во машко тело, невидено несмасен, и на некој начин среќен лик, кој не зборува, туку нешто мрмори овде-онде, ја освои не само британската публика туку и ширум светот бидејќи се емитуваше во 190 г. земји. Во меѓувреме се емитуваше анимирана серија, малку подоцна беа снимени два филма за Мистер Бин, а Аткинсон сега планира да сними серија во која ќе го прикаже Мистер Бин како личност во неговите „златни години“, иако изјави дека му беше доста од тој тивок кловн кој му донесе невидена популарност, но и богатство. Овој комичар беше познат и по серијата филмови за Џони Инглиш - шпионска акциона комедија како пародија на тајниот агент Џејмс Бонд.

Неговата глума му донесе бројни награди, меѓу кои Бафта и престижната театарска награда „Лоренс Оливие“, а во 2013 година го доби Орденот на Британската империја за заслуги за културата од британската кралица.

„Луѓето мислат дека ако можам да ги насмеам на сцената, можам да ги насмеам и насамо. Воопшто не е така. Јас всушност сум прилично тивка и досадна личност“, рекол еднаш комичарот.

Импресивна флота на автомобили

Работата која му донесе големо богатство (се проценува дека е „тешка“ на околу 150 милиони евра) му овозможи да ужива во својата најголема страст, а тоа се автомобилите. Во неговата импресивна колекција, вредна околу 15 милиони евра, има автомобили како „BMW 328 roadster“ од 1939 година, „Lança Team 8.32“ од 1989 година, како и иконите модели како што е „aston martin V-8 vintage“ од 1977 година и „mclaren F1“ од 1997 година, тогаш најбрзиот сериски автомобил во светот. Поради љубовта кон автомобилите, неговиот лик Мистер Бин вози и „мини-морис“. Сака да вози картинг на својот имот, а меѓу возачките дозволи има и една за возила тешки повеќе од 3,5 тони.

Ја оставил сопругата за многу помлада

И неговиот љубовен живот не е премногу интересен затоа што во животот удрил повеќе автомобили отколку што бакнал жени. Од 1990 до 2015 година беше во брак со филмската шминкерка Санетра Састри, со која ги има синот Бенџамин (31) и ќерката Лили, која е две години помала. Нивниот брак се распадна во 2013 година, кога Аткинсон се вљуби во 26 години помладата комичарка Луис Форд со која ја има петгодишната ќерка Ила, пишува Gloria.hr.

Двојката се запозна во претставата „Квартермејн термини“, во која глумеа заедно. Аткинсон се разведе од сопругата, која го иницираше разводот, за 65 секунди, колку што беше потребно за судската одлука, а младата комичарка го остави сопругот, комичарот Џејмс Акастер, поради Аткинсон, кој за нивната љубов дозна од весниците.


FOTO: Instagram prinstcreen