Човекот кој гази сѐ пред себе на листата на најбогатите
Милиони луѓе ширум светот го почувствуваа силното влијание на панемијата со коронавирусот, кој успеа да ја турне на колена глобалната економија
Сепак, неколку од најбогатите луѓе на светот успеаја да се збогатат многу, а меѓу нив е и еден човек од Индија, Мукеш Амбани. Во текот на изминатите осум месеци, богатството на Амбани се зголеми за 22 милијарди долари. Фокусирајќи се на интернет-пазарите, неговата компанија „Jio Platforms“ привлече големи инвеститори, како што се „Фејсбук“ и „Гугл“.
Покрај паричната добивка, Амбани е сведок на опсесија со своето семејство, кое сега се шири надвор од Индија и станува глобална фасцинација.
Претседателот на компанијата Reliance Industries вреди околу 80,6 милијарди долари.
Акциите на неговата компанија се зголемија повеќе од двојно по својата вредност, откако неговиот дигитален сектор привлече милијарди инвестиции од компаниите на Фејсбук и Гугл. Гугл потврди дека ќе потроши околу 10 милијарди долари во следните неколку години за поддршка и забрзување на развојот на дигиталните технологии во Индија. Фејсбук инвестираше 5,7 милијарди долари во април, минатата година.
Покрај тоа, уште 12 инвеститори искешираа пари во телекомуникациската единица. Амбани рече дека многу порано ја постигнал големата цел што му беше поставена за март оваа година.
Новите инвеститори исто така беа воодушевени од неговата компанија, откако успеа да привлече огромен број клиенти. Пред четири години, 28 милиони Индијанци имаа паметни телефони, додека тој број денес е повеќе од 400 милиони, и тоа само во мрежата на Jio Platforms.
Со толку многу луѓе посветени на неговиот бренд, природно е дека светот ќе стане опседнат со него. Од обожавањето на Мукеш и неговата деловна империја, до будното следење на семејните расправии, модата и љубовните избори на членовите на семејството, династијата Амбани доби статус на национална икона.