Чудесна приказна од Париз: Се врати од пензија за да му ја исполни желбата на синот и освои сребро
Британците овој понеделник имаат фантастичен ден на Олимписките игри во Париз. Медалите продолжуваат да доаѓаат, а со сите успеси се издвојува Томас Дејли, кој го освои петтиот олимписки медал на петтите игри.
Томас Дејли и Ноа Вилијамс освоија сребро во синхронизирано нуркање од десетметарска кула. Не го одбранија златото од Токио, но и ова е огромен успех. Посебно ако се земе во предвид фактот дека Дејли по златото во Токио паузираше две години од тренинзите.
За Дејли Игрите во Париз се петти и многу веројатно последни во кариерата, а околу вратот го има и петтиот олимписки медал.
Првпат се испроба на Игрите на 14 години во Пекинг 2008 година, има три бронзи, едно злато и сега додаде едно сребро.
A great man once said, "I will never give up on my dream of being an Olympic champion" - Tom Daley, August 2016 #Olympics #Paris2024@TomDaley1994 @TeamGB @WorldAquatics pic.twitter.com/WCBC70nwRQ
— The Olympic Games (@Olympics) July 26, 2024
Ако некому не му беа доволни неговите спортски достигнувања, Дејли се најде во центарот на вниманието со видеа од Токио каде седи на трибините и - вреска. Истата снимка ја видовме за време на Игрите во Париз.
По златото во Токио, Дејли беше решен да ја заврши кариерата. И се отиде во таа насока бидејќи не тренираше две години.
Но, кога неговиот шестгодишен син сакаше да го види како се натпреварува - Дејли се врати во акција. Покрај сето тоа, Дејли го носеше и знамето на свеченото отворање.
Неговиот сопруг и двата сина го бодреа од трибините во Акватик центарот во Париз.
SO, so cute!
— BBC Sport (@BBCSport) July 29, 2024
Tom Daley's family are in the crowd, and his eldest son's t-shirt has "That's my papa" on the back - adorable.#Paris2024 #Olympics #BBCOlympics pic.twitter.com/SBi3pMZNJi
Дејли реши да се натпреварува само во синхронизирано нуркање од единаесеттата кула и со Вилијамс беше навистина брилијантен во сите серии.
Сè уште недоволно за златото, кое му припадна на совршеното кинеско дуо Јуни Лиан и Хао Јанг, додека Канаѓанецот Рајлан Виенс и Нејтан Џамбор-Мари ја освоија бронзата.