Чудно евтини: Новите часовници на Булгари
Италијанскиот луксузен бренд Булгари ја претстави својата најнова колекција за часовници со ограничено издание, „BB Cities “ - линија од девет часовници заснована на култната колекцијаБулгари Булгари.
Секоја од деветте верзии на новата колекцијата е тематски инспирирана од различен град, со името на градот врежано на часовна рамка. Градовите во фокусот овој пат се Рим, Дубаи, Токио, Париз, Лондон, Ибица, Милано, Мексико Сити и Њујорк.
Што се однесува до естетиката на новата линија BB Cities , секој часовник доаѓа во кутија од не'рѓосувачки челик 41мм, обложена со црн материјал DLC.
Движењето на часовникот е овозможено благодарение на автоматскиот калибар BVL 191 механизам, кој нуди резервна моќност од 42 часа. Секоја колекција BB Cities доаѓа со нараквица од кафеава кожа, а како спортска опција се нуди црна „текстилна текстура“ и гумена нараквица.
Познато е дека еден модел на овој часовник ќе чини 4.250 евра, што не е така скапо во споредба со останатите нивни часовници кои достигнуваат цена и до 50.000 евра.