Чурлинов: Македонија секогаш треба да игра на победа, и да се однесува како фаворит

Дарко Чурлинов гостуваше во емисијата на Саше Љолес, насловена како спорткаст.мк, нашиот репрезентативец беше во фокусот и на гостите …

Потешко е да се игра во Бундес 2, отколку во Бундес 1, вели Чурлинов, неизвесно како ќе се одвиваат настаните на трансфер берзата. Што се однесува до Лигата на Нации, целиме на првото место.

„Мислам дека како репрезентација треба да се однесуваме како фаворити, тоа носи самодоверба, треба така да се гледаме себеси, и во Лигата на Нации мора да одиме на првото место во групата против Бугарија, Грузија и Гибралтар“ – рече Чурлинов во спортско забавната емисија на спорткаст.мк.

ВИДЕО од целата емисија: 

https://www.youtube.com/watch?v=5w_C_dmUXMQ&lc=Ugz3yxCDbVlYK-j6Qdd4AaABAg