Спорт // Спорт
Чурлинов на прегледи во Париз, следува потпис со Барнли до крајот на неделата
Дарко Чурлинов сè уште не е официјално член на Барнли, но македонскиот репрезентативец до крајот на неделата ќе стави потпис со клубот од Англија.
Барнли кој минатата сезона играше во елитата на Англија, сака брзо враќање во Премиерлигата, тренерот Винсент Компани, со нетрпение го очекува во тимот.
Чурлинов утре во Париз ќе ги направи задолжителните медицински прегледи, потоа патува за Англија и потпишува за Барнли.
Македонскиот репрезентативец, не беше дел од тимот на Штутгарт викендов, што објективно значи дека трансферот во Барнли е завршена работа.