Спорт // Спорт
Чурлинов останува во Штутгарт, потребен му е на клубот, вели директорот Свен Мислинтат
Дарко Чурлинов со еден гол и асистенција, учествуваше во победата на Штутгарт против Валенсија, тоа беше генерална проба на „швабите“ пред стартот на новата сезона, која започнува следниот петок со средба во Купот.
Македонскиот репрезентативец, имаше опции да замине од Штутгарт, но спортскиот директор, Свен Мислинтат, вели дека Шалке отпаднал, а Чурлинов кој има договор до 2024 година, сезонава нема да си од клубот.
„Имаше опција Дарко да оди во Шалке, но тие потрошија пари за повеќе фудбалери, а не и за Дарко, по ова прашање за мене се е завршено. Дарко е фудбалер, кој има многу позитивна енергија, ја пренесува на целиот тим, тој е добар играч и останува во Штутгарт“, вели Свен Мислинтат за германските медиуми.