Чурлинов под знак на прашање, Несторовски заслужува голема минутажа
Македонија ја очекуваат два дуела со во Лигата на нации, потребни се 6 бода, две победи, и кикс на Грузија против Гибралтар за прва позиција во нашата група.
Нашиот национален тим прво гостува во Тбилиси против Грузија на 23 септември, а три дена подоцна ја пречекуваме Бугарија.
Селекторот Благоја Милевски се соочува со проблеми, Дарко Чурлинов е повреден, а за Несторовски вели дека има многу дадено за националниот тим, и не заслужува да добие 10-15 минути на меч, останува во комбинација.
„Во однос на здравствениот билтен, имаме проблеми со Дарко Чурлинов, треба да оди на дополнителни прегледи и потоа ќе ја знаеме состојбата, но јас се надевам дека ништо не е сериозно. Што се однесува до Илија Несторовски, тој е играч кој има многу дадено за Македонија и моментно не заслужува да го повикам само за да игра пет-десет или 15 минути. Несторовски кога ќе биде повикан планирам да го користам со максимална минутажа, а во моментов Милан Ристовски и Бојан Миовски се во предност зашто се во подобра форма“ – вели Милевски.