Спорт // Спорт
Чурлинов во новата сезона ќе го носи дресот на Штутгарт
Дарко Чурлинов најверојатно ќе се врати во Штутгарт откако му заврши периодот на позајмица во Шалке 04.
Македонскиот репрезентативец имаше одлична полусезона со клубот од Гелзенкирхен, желбата на двете страни беше да продолжи да настапува во синиот дрес, но Штутгарт инсистира да го врати назад, Чурлинов има договор со овој клуб уште две сезони.
„Уживав во настапите за Шалке изминатата сезона, промоцијата во Бундеслигата, уживав и со навивачите. Шалке и Штутгарт не се договорија, тоа значи дека се враќам во Штутгарт, каде имам уште две години од договорот. Секако ќе дадам сè од себе за да ги исполнам барањата на Штутгарт од мене, и секако на навивачите во новата сезона“, изјави Чурлинов за медиумите во Германија.