Црна Гора пресилна за Македонија на контролката во Подгорица

Машката сениорска репрезентација на Македонија имаше резултатски неуспешна проверка, првата и едисвтвена во периодот на подготовките за вториот претквалификациски круг за Евробаскетот 2025.

На натпреварот кој вечерва беше одигран во салата „Тополица“ во Бар, Црна Гора славеше со убедливи (89:53).

Домашната селеција имаше одличен почеток, и на истекот на првите десет минути се стекна со голема позитива (29:11), додека до заминувањето на одморот, разликата беше слична (45:27).

Прашањето на победникот беше решено по паузата од 15.минути кога Црна Гора направи голема серија, реализираше 16.поени по ред, за недостижни (61:27).

Дамјан Робев со десет реализации беше најефикасниот играч во нашата селекција, која веднаш по завршувањето на натпреварот во Бар, се враќа во Скопје и ги продолжува подготовките за средбите со Данска, на 25. август во Нествед. И три дена подоцна, на 28. август во Скопје кога ја пречекуваме селекцијата на Словачка.