Црна лимонада - и лек и мелем
Доколку планирате да го исчистите телото од насобраните токсини, непроспиени ноќи, премногу храна и пијалоци, црната лимонада е одличен пијалок ...
Лимонадата е омилен пијалок на многумина, освежителна е и многу вкусна, но кога ќе и додадете активен јаглен, добивате совршен напиток за повторно раѓање на целиот организам.
Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсини, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Помага при надуеност и гасови, па дури и проблеми со кожата. Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а со тоа го забрзува метаболизмот што доведува до слабеење.
Рецептот го споделуваме со вас.
Потребни состојки:
-сок од половина лимон или лимета
-чаша минерална, кокосова или обична вода
-половина кафена лажичка активен јаглен
Начин на подготовка:
Додадете сок од лимон и активиран јаглерод во прав во водата. Добро промешајте и напитокот е готов. Пијалокот се пие еднаш неделно и никако почесто од тоа.
Забелешка: Оваа лимонада може да го намали ефектот на лекот. Затоа, доколку земате некои лекови, треба да внимавате на двочасовниот интервал помеѓу земањето на лекот и пиењето црна лимонада.
Фото: Инстаграм