Црногорскиот голман Шчекиќ најново засилување на Брегалница

Црногорскиот голман Немања Шчекиќ е третото засилување за Брегалница во летниот преоден рок пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Шчекиќ (30 години, 193 сантиметри висок) има повеќе од богата фудбалска кариера, а во редовите на „сините“ доаѓа од Рудар Приједор, од шампионатот на БиХ каде настапуваше изминатава сезона.

Претходно во својата кариера, новиот чувар на мрежата на Брегалница, кој потекнува и од младинските школа на белградски Партизан, има настапи и за Чукарички и Земун во Суперлигата на Србија, во црногорскиот Могрен, унгарска Бекешчаба, бугарската Монтана како и во Лори Ванадзор во Ерменија.

Шчекиќ треба да биде повеќе од сериозно засилување за голманската позиција, заедно и со младинскиот репрезентативец Давид Денковски.