Д-маноза за третман на уринарни инфекции
Инфекциите на уринарниот тракт (UTIs) се вториот најчест тип на инфекција, одговорни за повеќе од осум милиони луѓе кои бараат здравствена помош САД. Жените страдаат од инфекции на уринарниот тракт многу почесто отколку мажите, а повеќе од 50 проценти од жените ќе развијат UTI во текот на животот. Кај околу 20 проценти од жените, инфекцијата станува рекурентна. Ова е загрижувачко, бидејќи третманот кој најчесто се препорачува од конвенционалната медицина се антибиотиците. За оние со рекурентни инфекции, ниски дози на антибиотици може да се пропишуваат дневно за шест или повеќе месеци, со што се зголемува ризикот од развој на соеви отпорни на антибиотици. Дополнително, антибиотиците ја нарушуваат и цревната микрофлора во организмот, што доведува до големи пореметувања во здравјето (вклучувајќи и зголемен ризик од кандида, кај жените). Сепак, постои природен третман за кој што е ефикасен во повеќе од 90 проценти од случаите. Д-маноза е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи за природен препарат за отстранување на E.Coli од уринарниот тракт. Токму благодарение на Д-маноза, брусницата е ефикасна во лекувањето науринарни инфекции. Ефектот на Д-маноза е 10 до 50 пати посилен од сок од брусница. Д-манозата е апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите.
Кога Е.coli бактериите ќе се прилепат до ѕидовите на уринарниот тракт, почнуваат да се шират и тоа предизвикува проблеми како што се често мокрење, печење и болка за време на мокрењето. Д-Маноза делува така што, E.coli бактериите формираат коагрегати со оваа едноставна молекула на шеќер, а потоа се ослободуваат од телото со мокрење. Притоа добрите бактерии остануваат недопрени. Повеќе студии ја потврдуваат ефикасноста на Д-маноза. Студијата од 2013 година ја евалуираше Д-манозата кај 308 жени кои имале чести UTIs. Се покажало дека Д-маннозата е исто ефикасна како антибиотикот нитрофурантоин за спречување на ИУТ во период од 6 месеци. Кога станува збор за рекурентните уринарни инфекции, важна е и превенцијата, така што следете ги следниве совети. Останете добро хидрирани. Уринацијата е најдобрата природна заштита на вашето тело против UTIs. Мокрете веднаш и целосно - не одложувајте одење во тоалет. Бидете сигурни дека целосно го празнате вашиот мочен меур и бришење од напред кон назад.
Наместо долги бањи, практикувајте туш. Уринирање после сексуален однос. Носете памучна долна облека. Обидете се да ги избегнувате или драматично да ги ограничите продуктите кои го зголемуваат pH на мочниот меур. Ова вклучува шеќер, кофеин, алкохол, млечни производи, црвено месо и други животински протени, риби, многу пченка, пченица и компир.
Ако сте во пост-менопауза, разговарајте со вашиот лекар за тоа како вашите хормонални промени можат да влијаат на ризикот од ИУТ.
М-р фарм. Љупчо Јанковски
фото: freepik.com