Д-р Шеклер даде важно објаснување: Еве зошто се јавува температура по примање на вакцините

Д-р Шеклер рече дека овие симптоми се минливи и не го загрозуваат здравјето.

Нормално е граѓаните да почувствуваат одредени симптоми откако ќе примат вакцини како „Фајзер“, „Спутник“ и „Астра Зенека“, бидејќи сето тоа зависи од принципот на кој работи вакцината, објасни вирусологот Миланко Шеклер.

- Вакцините како „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Спутник“ се такви што немаат никаква подготовка, односно се како инстант кафе и штом ги внесеме во организмот, тие почнуваат да делуваат. Поради брзата реакција, започнуваат да се создаваат голем број на антигени. Организмот смета дека вакцината всушност е вирус, затоа се брани со температура, затоа што тоа е неговиот одбранбен механизам - нагласи Шеклер.

Шеклер рече дека овие симптоми се минливи и не го загрозуваат здравјето.


Извор: blic.rs

Фото: youtube/printscreen