Д-р Жикица Ѓорѓиевски: Стоматолозите се едни од најпогодените, најистурените во борбата од скротувањето на ширењето на коронавирусот
Во услови кога имаме прогласена пандемија, секој поединец е исправен пред предизвикот да покаже одговорност и совесно однесување кон себе и кон другите.
Здравствените работници пак, имаат огромна одговорност и кон професијата и кон пациентите, без разлика во која област од медицината да опслужуваат.
„ Во нашите секојдневни континуирани напори да го сочуваме здравјето во пошироката заедница, ние како стоматолози сме едни од најпогодените, најистурените во оваа борба од скротувањето на ширењето на вирусот COVID-19. Сега е време за колективна свест, но и грижа за здравјето на пациентите останува наш приоритет- вели стоматологот, Д-р Жикица Ѓорѓиевски.
Инаку, Докторот е минатотогодинешен добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик. Токму нив, бесплатно им ги нуди своите стоматолошки услуги.
Неговата Пoликлиника се придржува до препораките од Министерство за здравство за превенција од ширење на вирусот Covid-19, како и на укажувањата на Стоматолошката комора за организирање на работата во стоматолошките ординации по нов режим.
- Итните случаи ќе бидат на нашиот вонреден распоред на работа за што е потребно да се најават на нашите телефони, но и преку социјалните канали на нашата ординација. Тимот е достапен за да одговори на телефонските повици и прашањата добиени на е-маил во најбрз можен рок на сите пациенти кои имаат потреба и од совет, мислење- потенцира докторот.
А, нивната континуирана грижа и кон децата од социјален ризик продолжува и тие остануваат во фокус и во системот на работа и во услови на вонредната состојба, за што се веќе информирани и овозможена е комуникација со нив на дневно ниво. Одговорноста кон нив е на највисоко ниво и итните случаи ќе бидат на приоритетната листа.
Мора да се напомене дека се спроведуваат екстремни хигиенско-санитетски мерки со цел заштита од ширење на вирусот, сите членови на тимот ги спроведуваат протоколите и хигиенско превентивните мерки за своја заштита, но и на пациентите.
„ На влезот на ординацијата има поставено дезинфекциско средство за пациентите, за брза дезинфекција на база на алкохол над 60%, како и препорака за миење на раце со сапун и вода. На социјалните канали објавуваме и информации и совети кои се во насока на заштита од ширење на вирусот COVID-19. На крај, посакуваме стабилизирање на состојбата во земјата и успешно излекување на сите до сега дијагностицирани заразени со овој вирус“- додава хуманиот стоматолог.
Небојша Толески