Да ја заштитиме Планетата со новите парчиња на Levi’s!
Иако штетите нанесени на Планетата земја во последниве години се повеќе од она што таа може да го издржи, сега е моментот секој со своето дело да придонесе за понатамошна заштита на истата, што пак ќе овозможи подобра иднина за сите.
Ако мислите дека вие и не можете многу да помогнете во заштита на истата, размислете подобро и уште денес, почнете да го селектирате отпадот, одете на работа со велосипед, не трошете ја водата залудно, штедете ја електричната енергија и... почнете да купувате облека која ќе ја носите подолг период.
Токму ова се дел од пораките на новата кампања на Levi’s преку која тимот на брендот ја открива новата колекција, во која пак, сосема соодветно и исклучително добро размислено, тие вметнаа парчиња изработени од одржливи материјали, со особен фокус на памучниот коноп како нешто на што тие се особено горди.
Токму со истиот, брендот создаде низа нови парчиња меѓу кои и ултра стилски карго панталони, лежерни кошули со принт кои неодоливо потсетуваат на долго, топло, лето, но и чино панталони и тексас јакни и фармерки како нивен ултимативен хит низ годините наназад.
Тие ниту овојпат не го заборавија органскиот памук како еден од омилените материјали кога се маичките во прашање. Како ваша втора кожа, ова лето чувствувајте се полесно и поубаво од кога и да е со нивните модели кои се подеднакво кул како и во секоја друга сезона.
Кога сме кај одржливите материјали што Levi’s ги користи за изработка на парчињата од колекцијата пролет/лето 2021, не смееме да ја заборавиме новата алтернатива на вискозата, т.н „tencel“ како нешто уште помеко од свила, покул од лен, а прикажано преку новите модели на фармерки, лежерните женски кошули со супер принт, чино шорцевите и што уште не.
Ниту овојпат, брендот не заборава да нè потсети на важноста на купувањето квалитетна облека од одржливи материјали, како нивна најважна цел во борбата за зачувување на околината. Тие повторно потсетуваат дека секогаш можеме да им подариме втор живот на омилените фармерки со тоа што ќе ги подариме некому, но и дека нивниот тим професионалци може да се погрижи да им даде нов изглед на вашите Levi’s.
Со сите овие акции, брендот уште еднаш сака да ја насочи грижата кон заштита на околината, но и да ја разбуди свеста кај сите останати за важноста на ова прашање.
Целата супер колекција од одржливи материјали на вашите омилени Levi’s; можете да ја погледнете на овој линк и во продавницата на брендот во Скопје Сити Мол.
ПР објава