„Да, минимална е шансата да се заразиме со Ковид-19 во море или базен, ама“... Епидемиологијата ги разрешува дилемите
Сплитниот епидемиолог Дајана Нонковиќ одговори за РТЛ дали може да се зарази со коронавирусот со пливање во морето и рече дека е можнa евентуална зараза со вируси и бактерии кои се пренесуваат по феко-орален пат.
- Децата што седат во плитките води проголтаат морска вода и можат да се заразат со цревни заразни болести. Вирусот е комплетно нов, истражувањата сè уште се спроведуваат. Според сè досега, навистина има минимална шанса да се заразиме во морето - рече Нонковиќ.
Таа уште еднаш повтори како вирусот се пренесува преку капки посебно кога сме во затворен простор со заразено лице и во близок контакт, и дека има малку шанси да не се заразиме. Таа исто така рече дека не постои опасност од заразување на вирусот во базен.
- Базените се третираат со хлор, а Ковид-19 е чувствителен на сите препарати на хлор, така што водата дезинфицирана во базенот штити од „Ковид-19“ - изјави таа за РТЛ.
Извор: Јутарњи лист