Daily Express: Македонија е најбрзорастечката тивка туристичка дестинација, Охрид е „најубавото место на Земјата“
Република Македонија, во една неодамнешна студија, е прогласена за најбрзорастечка, тивка туристичка точка, што ја прави идеална дестинација за патниците кои претпочитаат мир и спокојство. Таа е совршена локација за оние кои уживаат во лежерниот одмор, стои во написот на Daily Express.
Тивкиот туризам, концепт кој ги фаворизира дестинациите со помала посетеност, забележа зголемување на пребарувањата на Google во текот на последните неколку години. Една неодамнешна студија на Bókun, водечки провајдер на софтвер за тур-операторите од семејството на TripAdvisor, ја идентификуваше Република Македонија како најбрзорастечката тивка туристичка дестинација, со пораст од 183% во пребарувањата на Google од 2013 година.
Честопати занемарена од патниците, може да се пофали и со едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, Охридското Езеро. Се протега помеѓу Македонија и Албанија, а овој спокоен рај, од корисник на Tripadvisor, е наречен „најубавото место на Земјата“.
Целиот текст на OHRID PRESS