„Дај Боже да успеам во битката со канцерот и да продолжиме заедно да редиме успеси“: Зоки Фаци ѝ се заблагодари на македонската јавност
Познатиот водител Зоки Фаци на кој води битка со најзлобната болест, се огласи по повод наградата за најдобар поткаст заедно со Стефан Лазаров од естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Во инвалидска количка на прошетка Зоки се заблагодари за поддршката кој ја добил и рече
„Здраво дечки, на овој прекрасен ден јас малку излегов на сонце со моето лабурџини. Ви благодарам на сите за вчерашната поддршка, односно на Бекстејџ затоа што со Стефан сме одбрани за најдобри јутјубери, односно за најдобар поткаст оваа година.
Јас се надевам дека Стефан е среќен, ова го направивме заедно, но цел благослов е негов, јас бев само една голема поддршка. Дај Боже да успеам со битката со канцерот и да продолжиме заедно да редиме успеси. Им благодарам на сите, ти благодарам Стефан на твојата поддршка на сите мои фанови и се надевам дека ќе успееме да се избориме со оваа опака болест“, вели Зоки во видеото.
Изминатата недела во медиумите главна тема беше српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиното гостување во поткастот кај Лазаров, па Зоки не ја пропушти приликата да се сретне и запознае со неа.
За Зоки се обедини цела македонска естрада, но и Македонија со цел да се соберат доволно финансиски средства за негово лекување во Турција.
Но по прегледите здравствената состојба на Зоки се влошила со што операцијата е откажана бидејќи новите резултати покажале дека туморот е поголем од 30 сантиметри и метастазирал на коските.
По враќањето во Македонија тој требаше да се оперира во Систина, но докторите процениле дека станува збор за доста ризична операција која ќе трае неколку часа. Но сепак оваа операција не се изреализира.
Фото: Принтскирн