ДАЛАЈ ЛАМА: Трчаат за пари и се разболуваат, па истите пари ги трошат на лекување!
Духовниот водач на Тибетанците го запрашале што најмногу го изненадува кај човештвото, а тој само во неколку реченици го опишал жалосното секојдневие на повеќето луѓе.
Во текот на едно интервју новинар го запрашал Далај Лама, што најмногу го изненадува кај луѓето, а ова е одговорот што му го дал.
Човек најмногу ме изненадува во човештвото. Бидејќи, тој го жртвува своето здравје за да заработи пари. Тогаш ги жртвува парите за да го опорави своето здравје. А потоа толку многу е загрижен за иднината што не ужива во сегашноста. Резултат на тоа е дека тој не живее ниту во сегашноста ниту во иднината - живее како никогаш да нема да умре, а потоа умира откако никогаш не живеел.
И навистина е така. Луѓето трчат за заработка и кариера ставајќи го тоа пред сите други работи во животот. Често работат работи кои не ги сакаат, собираат пари и се откажуваат од се за да дочекаат мирна старост и да уживаат, а кога дојде до тоа - повеќе немаат сила за уживање во животот, а ниту премногу време.