Дали би носеле тренерки на работа и како?
Ако сте уморни од носење панталони секој ден на работа,
тогаш овие тренерки се соодветни за вас ...
Мажите обожаваат тренерки од една едноставна причина - тие се неверојатно удобни. Тренерките се дефинитивно омилени кај мажите. Со нив секогаш се чувствуваме опуштено и смирено и ништо не нè присилува или задушува. И покрај тоа што се неверојатно удобни, не можеме да носиме тренерки за работа. А тренерката едноставно не е соодветна за работата, особено ако работите во канцеларија и често одите на деловни состаноци.
Сепак, најдовме решение што ќе ве спаси и ќе ве израдува повторно рано наутро. Најдовме тренерки кои се дизајнирани да изгледаат многу стилски и елегантни, истовремено овозможуваат удобно чувство.
1. Todd Snyder
Оваа тренерка е многу темна и навистина личи на пар обични панталони.
Во нив, ќе се чувствувате како да сте во опуштена атмосфера на вашиот дом, дури и додека седите на столот. Со оваа тренерка, можете да комбинирате некоj шарен џемпер, па дури и блејзер за да му дадете посериозен изглед.2. KIT & ACE
Оваа тренерка е дефинитивно нашата омилена.
Тренерката навистина изгледа како пар фенси панталони, на кои има и имитација на шлиц и отвори низ кои може да ставите и ремен. Со оваа тренерка можете да комбинирате кошула и вратоврска и сигурни сме дека никој нема да забележи.3. Boss green
Оваа тренерка е исто така дизајнирана да личи на фенси панталони.
Посветлата боја ви овозможува да ја мешате со сите комбинации на облека и верувајте дека никој нема да забележи дека облеката што ја носите се тренерки.