Дали би се согласиле на „будна операција“: Човек свири саксофон додека докторот му отстранува тумор на мозокот

Италијанецот (35) успешно бил опериран девет часа без анестезија во болница во Рим

Маж од Италија свирел на саксофон за време на неговата деветчасовна операција на мозокот во која хирурзите успешно отстранија тумор. 35-годишниот маж, идентификуван само како г-дин З од страна на римската меѓународна болница „Паидеја“, беше опериран минатиот месец додека беше буден за лекарите да можат да го отстранат туморот без да ги загрозат неговите невролошки функции, се вели во соопштението од болницата.

„Архитектонската сложеност на мозокот и неговата извонредна пластичност го прават секој наш мозок многу различен еден од друг“, рече главниот хирург д-р Кристијан Броња.

View this post on Instagram

A post shared by Alice Martinelli (@alicemartinelli)



„Секој мозок е единствен, како и секој човек“, вели докторот кој прави 50 „будни операции“ годишно, според Вашингтон пост. Ваквите процедури им овозможуваат на хирурзите „со извонредна прецизност за време на операцијата да ги мапираат невронските мрежи кои се во основата на различни мозочни функции како што се играње, зборување, движење, паметење, броење“, рече тој.

„Повеќе од 10 лекари, меѓу кои неврохирурзи, анестезиолози, невропсихолози, неврофизиолози и инженери, беа вклучени во „комплексната интервенција“ која беше прва од ваков вид изведена во Италија“, соопштија од болницата.

Операцијата на Г.З. била комплицирана поради фактот што пациентот е левак, што додава уште еден слој на тешкотија во мапирањето на мозокот, пишува The Post. Во текот на целата постапка, на г-дин З. му се пуштала темата од филмот „Љубовна приказна“ од 1970 година, како и италијанската национална химна. Лекарите дури и ја проучувале партитурата на секоја од песните пред операцијата, со цел да утврдат дали инструментите на хирургот негативно влијаеле на г-дин З.

Туморот бил целосно отстранет и пациентот можел да си оди дома три дена подоцна, објави The Post.

„Секоја будна операција не само што овозможува максимален резултат во однос на отстранување на патологијата, туку е вистинско откритие“, вели Броња. „Секоја патека ни нуди прозорец во функционирањето на овој фасцинантен, но на многу начини мистериозен орган, мозокот.