Дали Џенет Јелен повторно ќе биде највлијателна во светот на финансиите и економијата: Еднаш успеа

Во 2015 година беше шефица на Федералните резерви на САД, и ја прогласија за највлијателната личност во светот на економијата, според списокот составен од реномираниот магазин „Блумберг маркетс“.

Изгледа дека повторно ќе биде највлијателна. 

Американскиот Сенат, ја потврди Џанет Јелен за министерка за финансии, со што таа стана првата жена во историјата на САД на таа позиција.

Одборот за финансии на Сенатот, едногласно ја одибри нејзината номинација со 26 гласови, а при официјалното гласање Јелен доби 84 гласоци за и 15 против. Таа е третиот избран кандидат на администрацијата на Џо Бајден. 

Нејзина задача ќе биде извршување на планот на Бајден за спасување на економијата во висина од 1,9 милијарди долари. Зборувајќи за овој план, минатата недела пред Сенатот, Јелен истакна дека приоритетот на американската администрација мора да биде завршување на пандемијата пред да се занимава со други проблеми.