Дали е можно: Кинескиот хиперавтомобил кој ќе ги победи BUGATTI и KOENIGSEGG

Луксузната кинеска марка за автомобили, Hongqi, полека се трансформира во компанија која дефинитивно го заслужува целото внимание на овој свет ...

Пред неколку недели, конечно, добивме целосен увид во нивниот луксузен седан H9, што е конкуренција на Rolls Royce Ghost и Mercedes-Benz S-Class. Сепак, според сите наводи, компанијата не сака да разбуди чувство на страв само кај креаторите на луксузни возила, но исто така и кај брендовите познати по хипер и суперавтомобили, како што се Бугати и Коенигсег.

Кинеската компанија го претстави својот прв хибриден хиперавтомобил за време на саемот за автомобили во Шангај, наречен Hongqi S9. Објавен како концепт во 2019 година во Франкфурт, кинеското ремек-дело сега е подготвено за производната линија. Мора да признаеме, со сомнеж го гледавме неговото потекло, бидејќи потекнува од Кина, но сега кога ни се откриени некои детали, ќе се согласите со нас дека изгледа навистина импресивно. Хиперавтомобилот е создаден како дело на Валтер де Силва, поранешен шеф за дизајн на групацијата Фолксваген, кој го дизајнираше оригиналниот Audi R8.

Опишан како „редизајниран луксуз“ според зборовите на Де Силва, S9 изгледа како модерно издание на класичните GT тркачки модели од 90-тите, особено ако го погледнеме неговиот заден дел. Дизајнот на неговите фарови е особено интересен, бидејќи доаѓа со внес на воздух. Предниот дел од стаклената купола ќе ве поврзе со LaFerrari. Од Hongqi вели дека нивниот нов модел има паметна електрохроматска технологија, која може да го промени интензитетот на бојата на стаклото, за да се подобри потрошувачката на енергија и да се направи поефикасно.

Она што е особено интересно, Hongqi се одлучи за plug-in хибриден погонски систем, наместо електричен со батерија. Компанијата не ни ги соопшти сите детали, само спомена дека новиот модел ќе има V8 мотор со внатрешно согорување и комбинирана моќност од 1.400 коњски сили. Исто така, според марката, S9 забрзува од нула до сто километри на час за само 1,9 секунди.

Ќе бидат произведени само деведесет и девет единици од овој хиперавтомобил, а според наговестувањата на марката, производството нема да се одвива во Кина, туку во Модена, Италија. Цената допрва треба да биде објавена, но се пријавува дека ќе достигне 1,4 милиони долари.