Дали е ова доказ дека човештвото на***ло?!
Дека сме се поблиску до денот кога роботите ќе чекорат по
Земјата поумешно од луѓето, доказ е ова видео. Роботот наречен „Атлас“ веќе
покажа како може да трча како човек, а неговата подобрена верзија може и да
скока како луѓе кои се мајстори за паркур.
Во видеото кое го објави компанијата „Бостон динамикс“, пред 3 години, може да се види дека оваа машина лесно прескокнува препреки и скока од скалило на скалило високи околу 40 сантиметри. А цело време ја одржува истата брзина.
Софтверот и сензорите за вид ја контролираат неговата навигација, но и покрај тоа, координацијата на движењата на роботот изгледа многу човечка. Компанијата го опиша како „најдинамичниот хуманоид во светот“.
Роботот „Atlas“ за прв пат беше претставен на јавноста во јули 2013 година. Сепак, оригиналната верзија беше прилично нестабилна и не можеше да стои без помош, поради што многумина ја исмеваа компанијата на големиот натпревар DARPA Challenge.
Оттогаш инженерите го подобрија и сега е една од најголемите надежи на „Бостон динамикс“. Од претходно објавените снимки се гледа како знае да крене и спушти товар, а кога некој ќе го турне не паѓа, туку успева да остане на нозе.
Дури и кога ќе падне, овој робот може сам да се подигне. Да се надеваме дека нема да мора да се бориме со него или да бегаме.
Фото и Видео: Youtube