Дали големината на стапалата има поврзаност со големината на машката „гордост“?

Сигурно сте слушнале за митот кој вели дека мажите со поголеми стапала се повеќе „надарени“ од оние кои имаат помали стапала..
Се уште не сме
сигурни како настанал овој мит и од каде започнал да се шири, но е доста
застапен во сите земји на планетата и сите тврдат дека мажите со поголеми
стапала имаат и поголем пенис. Најчесто тоа се жени кои го тврдат ова и кои
велат дека овие мажи се подобри и понадарени.
Група научници од Америка се обиде да ја пронајде поврзаноста помеѓу големината на стапалата и големината на пенисот и да го провери овој популарен мит, па на своето истражување повика 1000 мажи.
Многу брзо е утвредно дека големината на стапалата НЕМА НИКАКВА ВРСКА со големината на пенисот и дека овој мит е потполна и апсолунта бесмислица. Научниците велат дека врз големината на пенисот најмногу влијае генетиката, но и окружувањето во кое мажот пораснал. Исто така, присуството на болести и начинот на развивање на младиот маж можат да бидат показател дали половиот орган ќе биде поголем или помал.
Затоа, ако имате мали стапала и ако поради таа причина паѓате во очај бидејќи мислите дека нема да ги воодушевите вашите партнерки, не грижете се, бидејќи овој мит е потполна лага.