Дали Килијан Марфи ќе го достигне врвот во кариерата: Улогата на Џејмс Бонд е неговата нова цел

Популарниот четириесет и седум годишен актер ги освои срцата на публиката со својата извонредна изведба во хит филмот „Опенхајмер“ и сега е главен фаворит за освојување на престижната награда Оскар што ќе биде доделена викендов. Како што пренесуваат медиумите Килијан Марфи се вклучи во трката за преземање на улогата на легендарниот таен агент Џејмс Бонд, кој го играше Даниел Крег.

Според извештајот на „The Sun“, харизмата и талентот на Марфи го привлекле вниманието на продуцентите на Џејмс Бонд кои бараат нова главна улога за франшизата. Со оглед на тоа дека Килијан е моментално еден од најбараните актери во Холивуд,  улогата на Џејмс Бонд би била врв во неговата кариера, пренесуваат медиумите.

“Килијан совршено би одговарал за улогата на Бонд. Иако е познат по својата љубезност, тој има потемна страна која совршено би се вклопила со ликот на Бонд”, изјави Клеј Бункер, колегата на Килијан во “Опенхајмер”.

Фото:инстаграм