Дали мажите кај нас се џентлемени во вистинска смисла на зборот?
Колку Македонија има успешни мажи?
Да се биде успешен не значи да се остваруваат најголемите профити или дасе заработуваат големи пари. Тоа е само еден дел од успехот. Да се биде успешен значи и да се биде кредибилен пред се, да се биде мотив во општеството, да се вложува во заедницатаи да се вложува во личен развој и култура.
Оваа година ќе се одржи второт по ред издание на официјалниот избор на Мажи на годината 2019 во Македонија, избор кој има за цел да ја препознае вистинската вредност на успешните мажи. Настанот кој е во организација на Friday.mk првиот онлајн магазин за мажи кај нас прерасна во препознатлив настан кој е почитуван во јавноста.
Според Петар Арсовски, ПР експерт и дел од жири комисијата за избор на Мажи на годината 2019, во Македонија има доста успешни мажи.
"Македонија има успешни мажи, мажи кои оставиле трајни вредности во бизнисот, спортот, културата и воопшто во општеството. Иако во последните години поради разни фактори во Македонија се помалку се обрнува внимание на личниот развој и на културните вредности кои се карактеристики за еден успешен маж, развојот на мажите зависи од сопствената желба дали и во која насока ќе се развиваат. Успешниот човек е човек кој знае дека има одговорности, прави планови да ги заврши работите, гради безбеден дом со или без ничија помош, гради сојузници, греши, никогаш не се откажува од тоа што го сака и никогаш не се бори на слепо. Можеби нема да ви даде пари, но сигурно ќе ви даде инспирација, тој можеби не е најбогат, но сигурно е во рамките на својата цел, и е секогаш отворен за учење на нови работи." - изјави Петар Арсовски.
Разговаравме и со модната креаторка Ивана Кнез која оваа година е дел од жири комисијата во категоријата Маж со најдобар стил. Разговаравме на тема колку мажите кај нас внимаваат на својот изглед и дали ги следат светските модни трендови и начин на живот.
"Во последно време мажите се тие кои се повеќе внимаваат на себе, со исклучителен и деликатен дрескод. Се повеќе ме одушевуваат на одредени настани, каде доминира стилски израз соодветен со пригодата. Имаме уште малку да учиме што е прав џентлмен, но за тоа се потребни повеќе дами на помош. “ - изјави Ивана Кнез
Изборот на Мажи на годината 2019 ќе се одржи на 27 ноември во 20 часот во хотел DoubleTree by Hilton Skopje. Изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА ќе се бира во неколку категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности, Маж менаџер на годината, Странец менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Избор на маж според социјални медиуми, а новитет оваа година е се и две дополнителни награди Маж менаџер на годината до 40 години и Маж на годината според организаторите. Оваа година ќе има и посебно признание за хедонист на годината. Секоја категорија има свое жири кое дава свои предлози за номинација и се бираат оние кои добиле најмногу гласови од жирито. Се бираат оние кои ги исполнуваат критериумите на организаторите.